logo

Increase textDecrease textИспрати на пријателПечати

Датум: 22 март 2010 година

Име на земјата: Република Македонија

Име на проект: Проект за управување со здравствениот сектор

Заем на Светска банка: 4733-MK

Наслов на ПДП: Набавка на Универзална Рентген радиографска единица за Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија „ Св.Еразмо“ Охрид

Бр. на ПДП: HSMP - IFB-227-02-10

1.         Оваа Покана за доставување понуди (ПДП) следи по Огласот за општа набавка (ООН) за овој проект што се појави во Девелопмент Бизнис он-лајн на 25 мај 2004 година (Број на оглас WB1240-633/04), печатен примерок број 633 од 30 јуни 2004 година и како што е ажуриран со изданието бр. 677, од 30 април 2006 година.

2.         Република Македонија има добиено заем во износ од 10 милиони УСД во денарска противвредност од Меѓународната банка за реконструкција и развој (ИБРД) за покривање на трошоците за Проектот за управување со здравствениот сектор и има намера дел од средствата да потроши за плаќања врз основа на овој Договор за Набавка на Универзална Роентген радиографска единица за Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија „ Св.Еразмо“ Охрид.

3.         Проектната Единица за Координација во име на Министерството за Здравство на Република Македонија ги поканува соодветните и квалификувани понудувачи да поднесат запечатени понуди за испорака на Универзална Роентген радиографска единица за Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија „ Св.Еразмо“ Охрид.
Периодот на испорака изнесува максимално четириесет и пет дена по потпишувањето на договорот.

4.         Наддавањето ќе се спроведе во согласност со Меѓународните постапки за наддавање (ИЦБ) наведени во Упатствата на Светската банка: Набавка според условите на ИБРД Заеми и ИДА Кредити- јануари 1995 година, ревидирани во јануари и август 1996 година, септември 1997 година и јануари 1999 година и е отворено за сите Понудувачи од квалификувани земји на потекло така како што се определени во Упатствата и што ги исполнуваат следниве минимум квалификациски критериуми:

·         Понудувачите мора да се способни да ја докажат својата финансиска стабилност и солвентност со поднесување на нивните ревидирани годишни финансиски извештаи за последните три години во кои е прикажан просечен годишен промет во противвредност од не помалку од 500,000.00 САД $  во тек на последните три години.

·         Понудувачите (Производителот и Застапникот ако вториот од наведениве ја поднесува понудата врз основа на овластување од страна на производителот како според образец 6) мора да докаже дека има успешно извршено најмалку еден договор за стоките што ги нуди во текот на изминатите три години.

·         Понудувачите мора да обезбедат документиран доказ дека тие се занимаваат со конкретниот вид на деловна активност во период не пократок од три години.

·         Понудувачите треба да имаат најмалку  три (3) години слично искуство во производство, испорачување, инсталирање и обезбедување на поддршка на бараната опрема.

·         Понудувачите мора да обезбедат документирани докази за постоењето, или мора самите да се обврзат ( Да приложат Изјава) за склучување на договор со постоечки капацитет по доделувањето на Договорот за најмалку еден сервисен капацитет во рамките на територијата на Република Македонија. Овој капацитет што ќе функционира врз основа на директно овластување и одговорност на Испорачателот, ќе биде оспособен за извршување на целосно сервисирање и поправка на опремата и ќе ги има на располагање сите резервни делови и потрошни материјали што се потребни, или ќе биде во можност истите да ги набави што е поскоро можно во еден разумен рок, но не подоцна  од три (3) месеци по добивањето на писмено известување од Купувачот до Испорачателот. Сервисниот капацитет мора да биде потполно оперативен најдоцна до времето на испорака на бараните стоки.

·         Ако еден Застапник поднесе понуди во име на повеќе од еден производител, освен ако секоја понуда не биде придружена со одделен Образец за понуда, и со бараната гаранција за понудата, за секоја понуда и овластување од соодветниот производител, сите такви понуди ќе бидат отфрлени како несоодветни.
Дополнителни детали се дадени во тендерските документи.

5.         Заинтересираните квалификувани понудувачи може да добијат дополнителни информации од Проектната Единица за Координација на Министерството за Здравство и да ги разгледаат тендерските документи на адресата дадена подолу,  од 09.00 до 15.00 часот секој работен ден.

6.         Целиот комплет на тендерска документација, на англиски јазик  заинтересираните Понудувачи може да го добијат со приложување на апликација во пишана форма на адресата наведена подолу и после уплата на неповратна нето такса во износ од 150 САД $ или во противвредност на македонски денари (МКД) според средниот курс за размена на валути на Народна Банка на Република Македонија на денот на уплатата.

Уплатата  ќе се изврши на следниов начин:

За уплата само во САД $:

Податоци за банката (:57:) :
НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Адреса:
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1
1000 Скопје
МАКЕДОНИЈА
SWIFT: NBRM MK 2X
Краен корисник (:59:):
IBAN: MK07 1007 0100 0006 669
Министерство за Здравство на Република Македонија

Податоци за банката-кореспондент:
CITIBANK NA NEW YORK
Aдреса:
111 WALL STREET NEW YORK
NY 10043
SWIFT BIC: CITI US 33
Детали за исплата: (:70): Погледни за купување на ПДП-227-02-10 за Министерство за Здравство – Проектна Единица за Координација

За уплата  во МКД:

Во полза на Министерството за Здравство – Проектна Единица за Координација,
На единечна трезорска под-сметка: 1900100434-787-19, сметка кај Народната Банка на Македонија бр. 100-0000000630-95
Приходна сметка: 724125
Програма: IA
Начин на уплата: 1
Цел на уплатата: Погледни за купување на ПДП-227-02-10 за Министерство за Здравство – Проектна Единица за Координација 
Тендерската документација ќе биде испратена по посебен курир на адресата назначена од понудувачот.

7.         Понудите мора да бидат доставени до адресата дадена подолу на или пред 26 април 2010 година, 12,00 часот ПЛАДНЕ, локално време во Скопје. Електронското доставување понуди нема да биде дозволено. Задоцнетите понуди нема да се разгледуваат. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставниците на Понудувачите кои ќе изберат лично да присуствуваат на  адресата подолу на 26 април 2010 година, 12,15 часот, локално време во Скопје. Сите понуди мора да бидат придружени со гаранции на понудите што не изнесуваат помалку од: 3,000.00 САД $ или противвредност на истата во неврзана конвертибилна валута или македонски денари.

Министерство за Здравство
50 Дивизија бб
1000 Скопје
Република Македонија

За: Оддел за набавки
Тел: (389-2) 312-5310
Факс: (389-2) 312-3353
E-меил: sjovanovska@moh-hsmp.gov.mk

НОВО!!! Техничка помош за политиката за цени и поврат на средствата за лековите во Македонија

 

Закон за Јавно Здравје

 

Закон за медицински производи и медицински помагала

 

Предлог за измени на законот за медицински производи и медицински помагала

 

Техничка помош за политиката за цени и поврат на средствата за лековите во Македонија

 

Техничка помош за воспоставување на регулаторно тело за лекови во Република Македонија и Правни аспекти на регулирањето на ценовната политика на лековите

 

Техничка помош за регулирање на ценовната политика на лекови во Република Македонија

 

Техничка помош за воспоставување на регулаторно тело за лекови во Република Македонија и Правни аспекти на регулирањето на ценовната политика на лековите

 

Техничка помош за дизајнирање и имплементирање на реформа за плаќања на болниците - Македонски ДСГ прирачник

 

Техничка помош за дизајнирање и имплементирање на реформа за плаќања на болниците - Извештај за методологијата за пресметка на трошоците

 

Извештај за спроведената обука на ExAnte финансиските контролори

 

Прирачник за проценка на чинењето на основниот пакет на здравствени услуги

 

Стратегија за комуникација и односи со јавноста

 

Консултантски ангажман за законодавството за даватели на здравствени услуги

 

Консултации за идната организација, функционирање и финансирање на јавното здравство во Република Македонија

 

Ново!!!Финансиска анализа за идниот основен пакет на здравствени услуги во Република Македонија

 

План за имплементација на здравствената стратегија

 

Стратегија за развој на Македонски интегриран здравствен информатички систем

 

Модернизирање на процесите за лиценцирање за лекари, стоматолози и фармацевти

 

Техничка помош за изготвување нов Закон за лекови во Р. Македонија, усогласен со законодавството на ЕУ

 

Здравствена Стратегија на Република Македонија 2020 Годинa

 

Оценки и ставови на Граѓаните за реформата на здравството во Република Македонија

 

Консултантски услуги за ревизија на основниот пакет со услуги

 

Упатства за развој на буџетирањето во Македонскиот Здравствен Систем, Склучување на договори и купување на услуги

 

Предлог програма за обука на Управниот Одбор на Фондот за Здравствено Осигурување на Република Македонија

 

Развој на методологија за определување референтни цени на лековите

 

Клинички индикатори за успешност на болниците во Република Македонија

 

Прирачник за Менаџмент и Лидерство во Здравството

 

Децентрализација на здравствениот систем на Република Македонија

 

Оддел эа Анализа на Политиката

 

Креирање на политика за партиципација во рамките на социјалното здравствено осигурување

 

Реформи на здравствениот систем во Македонија - Подобрување на здравствените услуги

 

Организација, функционирање и финансирање на јавното здравство во Република Македонија

 

Техничка подршка за финансиската анализа за основниот пакет за здравствени услуги во Република Македонија

 

Закон за заштита на права на пациентите (предлог - текст)

Електронски Известувач