Со средства од грантовската институција во Компонента 3 на Проектот набавени се и инсталирани ГПРС апарати во вкупно 40 возила во Службите за Итна медицинска помош (ИМП) при Здравствен дом Скопје и Здравствен дом Битола. На 13 мај 2010 год. е потпишан сертификатот за прием, со што е потврдено комплетирањето на сетот на активности за ставање во функција на ГПРС системите во ИМП службите во Скопје и Битола.
Министерството за здравство ги набави ГПРС системите од фирмата ИНА Енерго систем Скопје, која направи параметриско подесување на СИМ картите за сите возила и ги инсталира и конфигурира комјутерите во диспечерските центри на службите за ИМП во Скопје и Битола. Се инсталираа и АДСЛ линии, се конфигурира системот во серверот во Скопје за потребите на двете ИМП служби и се обучија диспечерите за работа на софтверот инсталиран во компјутерите во диспечерските центри во двата града. Договорено е и бесплатно оддржување на системот во двете служби во текот на една година од датумот на инсталацијата на ГПРС.
ГПРС системот како глобален (Web/GPRS/GPS ориентиран) систем за “online” следење на возилата во околината, овозможува моментално следење и прегледност на возилата за ИМП од страна на диспачерите и управата, со сликовит преглед на нивното движење низ мапата прикажана на два компјутери. Моменталната прегледност на возилата го оптимизира (скратува) времето на реакција на екипите за брза помош и на тој начин ја рационализира ефикасноста на интервенцијата.
Користењето на ГПРС системите ќе помогне за подобра координацијата во Службите за ИМП во Скопје и во Битола и поголема контрола при работата на екипите за брза помош, со оптимално искористување на капацитетите за да навремено одговорат на итните потреби на населението.
Во 30 возила на Службата за ИМП при Здравствен дом Скопје се инсталирани ГПРС апарати и СИМ карти (22 во возилата за ИМП и 8 во возилата за домашна посета).
Службата за ИМП Скопје ги збринува и транспортира итните пациенти во градот Скопје и околните села, вклучувајќи го и автопатот во правец кон Велес и граничниот премин Блаце. Службата врши и медицинско обезбедување и транспорт по утврдена потреба за пациентите на територија на Република Македонија и надвор од неа. Во 10 возила на Службата за ИМП при Здравствен дом Битола се инсталирани ГПРС апарати и СИМ карти (7 во возилата за ИМП и 3 во возила за домашна посета).
Службата за ИМП во Битола ги збринува и транспортира итните пациенти во градот Битола и околните села, вклучувајќи ги и новите општини Новаци и Могила, и на граничниот премин Меџитлија.
Според потребите ГПРС системот има капацитет да се надополни со дополнителни ГПРС пот-системи и да обезбеди “online” следење на возилата за Итна медицинска помош ширум земјата.
БАРАЊE ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС
Набавка на медицинска опрема, медицински и канцелариски мебел, модели за обука и потрошни материјали за клинички вештини за 17 рурални амбуланти во општините низ Македонија и за просториите на Образовниот Центар за семејна медицина во Скопје
Набавка на Универзална Рентген радиографска единица за Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија „ Св.Еразмо“ Охрид