Во рамките на Проектот за управување со здравственитот сектор во април 2010 год. се испорачани 10 столици за хемодијализа во Клиниката за нефрологија, Скопје, финансирани со средства од грантовската институција во Компонента 3 (Подобрување на доставувањето на услуги).
5 Столици за хемодијализа се монтирани и пуштени во употреба во салата за хемодијализа на хронични пациенти во Клиниката за нефрологија, а 5 столици за хемодијализа се монтирани и пуштени во употреба во големата сала на Одделението за хронична хемодијализа на Клиниката за нефрологија сместено во Поликлиника Чаир.
Клиниката за нефрологија со нејзиното Одделение за хронични пациенти во Поликлиника Чаир врши хемодијализа за вкупно 182 хронични пациенти, од кои за 30 хронични пациенти хемодијализа се врши три пати неделно во салата на Клиниката за нефрологија а за 152 пациенти во нејзиното Одделение за хемодијализа во Поликлиника Чаир.
БАРАЊE ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС
Набавка на медицинска опрема, медицински и канцелариски мебел, модели за обука и потрошни материјали за клинички вештини за 17 рурални амбуланти во општините низ Македонија и за просториите на Образовниот Центар за семејна медицина во Скопје
Набавка на Универзална Рентген радиографска единица за Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија „ Св.Еразмо“ Охрид