Од 16-20 септември 209 година, делегација на Министерството за здравство на РМ и Медицински факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ Скопје предводена од Заменик министерот, Проф. д-р Владимир Поповски го посети Империјал колеџот во Лондон и оствари низа средби и состаноци со високи претставници од Одделот за едукација по Примарна здравствена заштита и социјална медицина.
Империјал колеџот е со долга традиција во едукацијата за Примарна здравствена заштита и е рангиран меѓу првите 10 универзитети во светот кој нуди квалитетна едукација.
Во текот на средбите се презентира организацијата на системот за примарна здравствена заштита во Велика Британија каде Владата преку Националниот оддел за здравство, кој има функција на Министерство за здравство ја финансира работата на трастовите за ПЗЗ како основна фунционална единица за обезбедување на услуги од семејни лекари (лекари по примарна здравствена заштита), кои имаат поголеми компетенции, згрижуваат 90 % од здравствените потреби на сите возрасни групи со мал процент на упатување на секундарно ниво на здравствена заштита.
Меѓу другите се остварија средби со Проф. Azeem Majeed, Директор на Одделот за Примарна заштита и социјална медицина, Проф. д-р P. Booton, Директор на Едукацијата за Примарна заштита во Империјал колеџот и Проф. д-р Saltman Rawaf, Директор за Јавно здравје и Примарна заштита во Империјал колеџот, колаборативен центар со СЗО.
Клучната порака беше дека секој здравствен систем треба да им добро развиена семејна медицина, со квалитетна програма за едукација, достапен за целото население.Соработката со Империјал колеџот ќе продолжи и во иднина, со Центарот за семејна медицина, Медицински факултет-Скопје, кој во соработка со Министерството за здравство со финансиска и техничка поддршка преку Проектот за Управување со здравствениот систем ќе започне нова Специјализација по семејна медицина на 24 октомври 2009 година.
Претставниците од делегацијата на МЗ, Проектна единица за координација и Медицински факултет, Скопје од 21-23 септември реализираат и посета на Одделот за Семејна медицина, Универзитетот во Нијмеген на полето на Едукација по семејна медицина.
БАРАЊE ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС
Набавка на медицинска опрема, медицински и канцелариски мебел, модели за обука и потрошни материјали за клинички вештини за 17 рурални амбуланти во општините низ Македонија и за просториите на Образовниот Центар за семејна медицина во Скопје
Набавка на Универзална Рентген радиографска единица за Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија „ Св.Еразмо“ Охрид