Искуства и сознанија за системот за јавно здравје
Македонска делегација предводена од заменик министерот за здравство и Главен координатор на Проектот за управување со здравствениот сектор, Проф. д-р Владимир Поповски е во официјална посета на здравствените институции во Белгија и Холандија. Посетата е организирана во рамките на Проектот за управување со здравствениот сектор за подготовка на Законот за јавно здравје.
Делегацијата составена од здравствени експерти од Македонија ги посети министерствата за здравство на Холандија и Белгија и на сите релевантни институции од областа на јавното здарвје на федерално и регионално ниво на овие две земји.
При тоа, македонските претсавници реализираа низа успешни средби и се запознаа со системот на здравствена заштита во Белгија и Холандија, при што разменија искуства со своите колеги - домаќини.
Акцентот беше ставен на здравствениот систем според европски концепт и стандарди и сите релевантни директиви кои го регулираат јавното здравје,
безбедноста на храната и начинот и опсежноста на нивното инкорпорирање во националната легислатива.
На официјалните средби, меѓу другото, се дискутираше за здравствата состојба на населението, овластувањата и соработката меѓу здравствените институции на федерално и локално ниво и со креаторите на здравствената политика, при што се разменија корисни информации за натамошната соработка меѓу Р. Македонија и овие две европски земји – членки на Европската Унија.
Во текот на посетите и работните средби се дискутираше и за здравственото осигурување во земјите домаќини и кај нас, функционирањето на здравствената заштита, превентивата, организацијата и функционирањето на системот за менаџирање на јавно здарвствениот ризик, рано предупредување и известување за закани по здравјето на населението и епидемиолошки надзор во Европската Унија.
Исто така, се презентираше организацијата на системот на безбедност на храна, споделување на одговорности и соработка меѓу секторите.
Во тек е посета на регионалниот институт за хигиена во Антверпен, при што се споделуваат искуства од низа превентивни активности и цели, програми за превенција на заболувања, заштита и унапредување на здарвјето. Регионалниот завод за хигиена во Антверпен се грижи за околу 7 милиони жители.
Во завршниот дел е планирана и посета на катедрата за јавно здравје на Универзитетот во Мастрит, Холандија со цел комплетирање на податоците и информациите за системот за јавно здравје кој функционира во Белгија и Холандија.
БАРАЊE ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС
Набавка на медицинска опрема, медицински и канцелариски мебел, модели за обука и потрошни материјали за клинички вештини за 17 рурални амбуланти во општините низ Македонија и за просториите на Образовниот Центар за семејна медицина во Скопје
Набавка на Универзална Рентген радиографска единица за Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија „ Св.Еразмо“ Охрид