logo

Increase textDecrease textИспрати на пријателПечати

01.12.07  |  Проект за инсталирање на ГПС систем во службата за итна медицинска помош и домашно лекување

Службата за ИМП ја  обезбедува ургентно - прехоспиталната здравствена заштита и домашното лекување, обезбедува санитетски транспорт во земјата  и надвор од неа, транспорт на болни од хронична бубрежна инсуфициенција до хемодијализа центри, медицинско обезбедување на спортски , културно-забавни и други јавни  манифестации, како организациона единица на Здравствениот дом за населението на градот и пошироко во текот на 24 часа непрекинато во годината. Организирана е во три пункта, а  во перспектива  се очекува да се отворат уште четири пункта (вкупно 7) со по десет оперативни екипи во една смена на секој пункт. За адекватно функционирање на Службата и навремено и квалитетно пружање на здравствените услуги, потребно е освен оптимален број на тимови и доволен број на санитетски возила и соодветно опремен приемно - триажен диспечерски центар.

            Приемно - триажниот диспечерски центар е база, централниот дел на Службата за ИМП и е најодговорен за приемот, тријажата и дистрибуцијата на примените повици од корисниците.

          

Визија

 

Една од клучните претпоставки за зголемена ефикасност на службата е можноста за континуирано следење на теренските екипи и санитетски возила со инсталирање на ГПС системот кој кој ке има за цел :

Подобрување на времето за интервенција - тоа подразбира скратување на времето потребно за пристигнување и пружање адекватна ИМП на болниот или повредениот од моментот на примање на повикот.

Подобрување на квалитетот на работа - Навремено дадена ургентна заштита во голема мерка влијае на квалитет на интервенцијата. Почетно и напредно одржување на виталните функции, значи добра прогноза и  можност за соодветно и успешно дефинитивно згрижување на болниот или повредениот.

Економичност во работата - Со инсталирање  на ГПРС системот би се подобрила брзината и ефикасноста на оперативните медицински тимови и истовремено би се намалила потрошувачката на гориво.

Поголема контрола на тимовите на терен и адекватна употреба на службените возила.

Поголемо задоволство на пациентите и поголема доверба во службата

 

ИНСТАЛИРАЊЕ НА ГПС / ГСМ СИСТЕМ

 

ЈЗУ Здравствен  дом - Скопје за ова решение треба да направи почетна инвестиција на ГПС/ГСМ модули и соодветна софтверска апликација со хардвер.

 ГПС/ГСМ модулите фиксно се вградуваат во возилата од специјализирани инжењери, и истите по  нивна инсталација не можат да се забележат или детектираат од страна на корисниците на возилата, како не би биле во можност намерно или ненеамерно да ги оштетат или отстранат. Софтверската апликација, која ќе се користи во ова решение за  надгледувањето и анализа на возниот парк и на сите тековни и минати обврски, ќе биде поставена на посебен сервер на која ќе се  пристапува од компјутери од Центарот за логистика и контрола. Софтверската апликација е Интернет базирана со што дава можност со корисничко име и лозинка да се пристапи и од внатрешна ЛАН мрежа.

Исто така ова решение има потреба од месечни трошоци за ГСМ комуникација помеѓу ГПС/ГСМ модулите во возилата и серверот. Месечниот трошок е фиксен и истиот може да се планира во месечниот  буџет на трошоци.

 

Со користење на овој систем се овозможува надгледување и анализирање на следниве активности:

                        - Моментална позиција

                        - Следење во живо

                        - Анализа на историја

                        - Безбедност

 

МОМЕНТАЛНА ПОЗИЦИЈА

 

Моменталната позиција му овозможува на корисникот во дадениот момент да ја дознае местоположбата на избраното возило на  географска карта и неговата состојба, како и тоа: дали возилото е во служба или не, дали моторот е вклучен, дали се движи, правец на движење, обврска која ја извршува во моментот, екипа која ја покрива зададената обврска, дали возилото ја завршило обврската и  дали се враќа во  база, дали се упатува кон некој ургентен медицински центар итн.

 

СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО

 

Следење во живо е многу слично на моменталната позиција, само што информациите што ги гледаме се обновуваат континуирано на неколку секунди и се додека го следиме во живо во секој момент ја знаеме местоположбата на возилото и статусите на останатите параметри.

 

 

АНАЛИЗА НА ИСТОРИЈА

Анализата на историјата е најголемата бенефиција за корисникот каде што можат многу точно и прецизно да се анализираат историските податоци на возилото, медицинските тимови, интервенциите итн.

Како прво, сите податоци од самото поставување на модулот во возилото се достапни за анализа, и тоа прикажани на географска карта или во табеларна  форма. Графичкото преставување на географска карта е едноставна реконструкција на движењата и застанувањата на возилото за избраниот период, а додека табеларното прикажување се состои од детално, кратко и сумарно преставување на историските податоци во табела.

Податоците се составени од : време, и растојание поминати од една до друга точка, работење на моторот, време поминато со изгасен мотор, брзина на движење, места и локации кои се посетени, број на извршени интервенции, типови на интервенции, број на интервенции по екипи итн.

 

БЕЗБЕДНОСТ

 

Безбедноста како аспект е дел од овој систем и истиот не бара дополнителни инвестиции и истиот се состои од следниве работи;

                        - Поставување на копче за непосредна опасност

                        - Поврзување со алармот на возилото

                        - Поврзување на дефект  копче

                        - Поврзување со систем за сообраќајни  незгоди

                         ( доколку го поседува возилото)

                        - Блокада на мотор

 

Сите овие работи му овозможуваат на корисникот да го заштити возилото и персоналот и да го блокира моторот доколку возилото се користи неавторизирано или е украдено.

НОВО!!! Техничка помош за политиката за цени и поврат на средствата за лековите во Македонија

 

Закон за Јавно Здравје

 

Закон за медицински производи и медицински помагала

 

Предлог за измени на законот за медицински производи и медицински помагала

 

Техничка помош за политиката за цени и поврат на средствата за лековите во Македонија

 

Техничка помош за воспоставување на регулаторно тело за лекови во Република Македонија и Правни аспекти на регулирањето на ценовната политика на лековите

 

Техничка помош за регулирање на ценовната политика на лекови во Република Македонија

 

Техничка помош за воспоставување на регулаторно тело за лекови во Република Македонија и Правни аспекти на регулирањето на ценовната политика на лековите

 

Техничка помош за дизајнирање и имплементирање на реформа за плаќања на болниците - Македонски ДСГ прирачник

 

Техничка помош за дизајнирање и имплементирање на реформа за плаќања на болниците - Извештај за методологијата за пресметка на трошоците

 

Извештај за спроведената обука на ExAnte финансиските контролори

 

Прирачник за проценка на чинењето на основниот пакет на здравствени услуги

 

Стратегија за комуникација и односи со јавноста

 

Консултантски ангажман за законодавството за даватели на здравствени услуги

 

Консултации за идната организација, функционирање и финансирање на јавното здравство во Република Македонија

 

Ново!!!Финансиска анализа за идниот основен пакет на здравствени услуги во Република Македонија

 

План за имплементација на здравствената стратегија

 

Стратегија за развој на Македонски интегриран здравствен информатички систем

 

Модернизирање на процесите за лиценцирање за лекари, стоматолози и фармацевти

 

Техничка помош за изготвување нов Закон за лекови во Р. Македонија, усогласен со законодавството на ЕУ

 

Здравствена Стратегија на Република Македонија 2020 Годинa

 

Оценки и ставови на Граѓаните за реформата на здравството во Република Македонија

 

Консултантски услуги за ревизија на основниот пакет со услуги

 

Упатства за развој на буџетирањето во Македонскиот Здравствен Систем, Склучување на договори и купување на услуги

 

Предлог програма за обука на Управниот Одбор на Фондот за Здравствено Осигурување на Република Македонија

 

Развој на методологија за определување референтни цени на лековите

 

Клинички индикатори за успешност на болниците во Република Македонија

 

Прирачник за Менаџмент и Лидерство во Здравството

 

Децентрализација на здравствениот систем на Република Македонија

 

Оддел эа Анализа на Политиката

 

Креирање на политика за партиципација во рамките на социјалното здравствено осигурување

 

Реформи на здравствениот систем во Македонија - Подобрување на здравствените услуги

 

Организација, функционирање и финансирање на јавното здравство во Република Македонија

 

Техничка подршка за финансиската анализа за основниот пакет за здравствени услуги во Република Македонија

 

Закон за заштита на права на пациентите (предлог - текст)

  

ВО МОМЕНТОВ НЕМА АКТИВНИ БАРАЊА ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС

Електронски Известувач