logo

Increase textDecrease textИспрати на пријателПечати

Владата на Република Македонија се обврза да го подобри процесот за креирање политики на Министерството за здравство и да го подобри управувањето и ефикасноста на Фондот за здравствено осигурување. Проектот ќе и помогне на Владата на Република Македонија да ја подобри ефикасноста и ефективноста на обезбедувањето на здравствените услуги, вклучувајки ја и подршката за имплементација на тековната реформа на Системот за здравствено осигурување. Владата е посветена на овие цели особено со оглед на тоа што се тие вклучени во Стратегијата за помош на земјата (СПЗ) које беше презентирана на 9 септември 2003 година (Извештај Р2003-0158). Проектот претставува продолжување на предходната поддршка на реформите во здравствениот и другите соодветни сектори и е дизајниран со цел да поддржи серија на програмски заеми за прилагодување како поддршка на реформата за управување со јавните сектори, во периодот од фискалната  2003 до фискалната 2006 година.

 

Владината стратегија за здравство е насочена кон следните прашања:

(1) Значителните слабости што се констатирани во финансиското управување, интерната контрола и надворешната отчетност на Фондот за здравствено осигурување;

(2) Слабо прибирање на приходи, документација и администрирање на постојните системи за здравствено осигурување;

(3) Погрешните стимулации кои потекнуваат од бесплатното здравствено осигурување на сите регистрирани невработени лица кои непотребно го зголемуваат вкупниот број на невработените, со што се намалува основата за прибирање на здравстени придонеси од населението, се зголемуваат буџетските трансфери во полза на  ФЗО. Исто така Националното биро за вработување се обременува со административни задолженија со обврската за обезбедување на документацијата за здравствено осигурување на невработените, со што се оневозможува Бирото да ја развива стратешката политика на вработувањето и да ги обезбедува активните услуги на пазарот на работна сила;

(4) Преголема алокација на средства за најскапите здравствени услуги во големите градски подрачја на сметка на примарната здравствена заштита и превентивните здравствени услуги;

(5) Корупција и злоупотреба на јавни средства во здравствениот сектор, посебно во областа на потрошувачката на лековите и медицинските материјали;

(6) Неефикасност и ниско ниво на квалитет на услуги што се должи на прекумерни капацитети, несоодветна организација, слаби регулативи, недостаток на стимули и способности на здравствените организации;

(7) Висок процент на плаќања од џеп за здравствени потреби и тоа како неформалните  плаќања на лекарите така и плаќањата за лекови и материјали кои ги нема во доволни количества во јавно-здравствениот систем, особено кога институциите се наоѓаат под финансиски стрес.  

 

 

I.  СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

Повисоките цели на Владата се економскиот развој, намалување на сиромаштијата и промоција на социјалната стабилност и хармонија. Преку третирање на прашањето на намалувањето на трошоците при што треба да се подобрува квалитетот и пристапот кон здравствените услуги, Проектот ќе придонесе кон постигнувањето на овие цели.        

Постојат три клучни развојни предизвици и можности во однос на здравствениот сектор, онака како што се дефинирани во Стратегијата на СБ за помош на земјата.

1) Да се постигне квалитетно управување со јавните расходи, особено преку зголемен акцент врз вон-буџетските институции вклучувајќи го и ФЗО;

2) Да се обезбеди непречено обезбедување на здравствени услуги во контекст на децентрализацијата;

3) Да се гарантира квалитетот и ефикасноста на пристапот кон здравствените услуги.

 

Согласно на целите утврдени во Стратегијата за помош на земјата, Проектот ќе го поддржи институционалниот развој на ФЗО и ќе му помогне во ефективното имплементирање на реформите во политиките кои се дефинирани во рамките на Заемот за прилагодување на јавните сектори (PSMAL). Понатаму, Проектот се фокусира врз подобрување на капацитетот на здравствените организации за ефективно управување во услови на реформирано здравство и обезбедување на квалитетна здравствена заштита. Конечно, Проектот ќе го зајакне капацитетот на МЗ во креирањето на политиките, регулацијата, мониторингот и евалуацијата.

 

 

II. ОПИС НА ПРОЕКТОТ

 

1. Инструмент за позајмување и финансирање на проектот

Проектот ќе се финансира преку Заем за конкретна инвестиција (ЗКИ) од 10 милиони УСД како и од придонес од Владата од околу 1,34 милиони УСД. Заемот ќе биде во насока на надополнување на реформите поддржани од страна на низа програмски заеми за прилагодување на управувањето со јавниот сектор и Техничката помош (ТП) финансирана од страна на холандските фондови. Еден од овие заеми за прилагодување (Заем за прилагодување на управувањето на јавниот сектор или ПСМАЛ) е одобрен во исто време како и Заемот и ќе ги поддржи промените на политиките во ФЗО поврзани со договарање со болниците и воведување на внатрешни промени во ФЗО за зајакнување на финансискиот менаџмент. Заемот ќе ја обезбеди потребната помош, обука и стоки во ФЗО со акцент на зајакнување на информатичкиот систем за управување. Овие инвестиции ќе бидат критични во однос на гарантирањето на успехот на реформите на политиките во склад со ПСМАЛ како и поддршка за проширување на овие реформи. Владата ќе финансира ограничени градежни работи, трошоци за обука, оперативни трошоци, даноци и давачки. Според тоа, вкупниот Проект треба да се согледа како дел од севкупната програма за поддршка на реформите во здравствениот систем во Република Македонија.

 

2. Времетраење на имплементацијата

Проектот се очекува да биде имплементиран во период од четири и пол (4.5) години. Очекуваниот датум за почеток на Проектот (со отворени сметки и спремни фондови) е 1 септември 2004 година, а завршниот датум (после кој нема да има нови активности) е 31 декември 2008 година. Датум на затворање на Проектот (до кој сметките на фондовите треба да се исчистени и сите извештаи завршени) е 30 јуни 2009 година.

 

Ве молиме кликнете на следниот линк за да ги преземете официјалните документи

PAD-_makedonski.pdf

POM-_makedonski.pdf

НОВО!!! Техничка помош за политиката за цени и поврат на средствата за лековите во Македонија

 

Закон за Јавно Здравје

 

Закон за медицински производи и медицински помагала

 

Предлог за измени на законот за медицински производи и медицински помагала

 

Техничка помош за политиката за цени и поврат на средствата за лековите во Македонија

 

Техничка помош за воспоставување на регулаторно тело за лекови во Република Македонија и Правни аспекти на регулирањето на ценовната политика на лековите

 

Техничка помош за регулирање на ценовната политика на лекови во Република Македонија

 

Техничка помош за воспоставување на регулаторно тело за лекови во Република Македонија и Правни аспекти на регулирањето на ценовната политика на лековите

 

Техничка помош за дизајнирање и имплементирање на реформа за плаќања на болниците - Македонски ДСГ прирачник

 

Техничка помош за дизајнирање и имплементирање на реформа за плаќања на болниците - Извештај за методологијата за пресметка на трошоците

 

Извештај за спроведената обука на ExAnte финансиските контролори

 

Прирачник за проценка на чинењето на основниот пакет на здравствени услуги

 

Стратегија за комуникација и односи со јавноста

 

Консултантски ангажман за законодавството за даватели на здравствени услуги

 

Консултации за идната организација, функционирање и финансирање на јавното здравство во Република Македонија

 

Ново!!!Финансиска анализа за идниот основен пакет на здравствени услуги во Република Македонија

 

План за имплементација на здравствената стратегија

 

Стратегија за развој на Македонски интегриран здравствен информатички систем

 

Модернизирање на процесите за лиценцирање за лекари, стоматолози и фармацевти

 

Техничка помош за изготвување нов Закон за лекови во Р. Македонија, усогласен со законодавството на ЕУ

 

Здравствена Стратегија на Република Македонија 2020 Годинa

 

Оценки и ставови на Граѓаните за реформата на здравството во Република Македонија

 

Консултантски услуги за ревизија на основниот пакет со услуги

 

Упатства за развој на буџетирањето во Македонскиот Здравствен Систем, Склучување на договори и купување на услуги

 

Предлог програма за обука на Управниот Одбор на Фондот за Здравствено Осигурување на Република Македонија

 

Развој на методологија за определување референтни цени на лековите

 

Клинички индикатори за успешност на болниците во Република Македонија

 

Прирачник за Менаџмент и Лидерство во Здравството

 

Децентрализација на здравствениот систем на Република Македонија

 

Оддел эа Анализа на Политиката

 

Креирање на политика за партиципација во рамките на социјалното здравствено осигурување

 

Реформи на здравствениот систем во Македонија - Подобрување на здравствените услуги

 

Организација, функционирање и финансирање на јавното здравство во Република Македонија

 

Техничка подршка за финансиската анализа за основниот пакет за здравствени услуги во Република Македонија

 

Закон за заштита на права на пациентите (предлог - текст)

Електронски Известувач