Целта на оваа компонента е да му помогне на МЗ во имплементирањето на критичните функции како што се формулирање на политиките, евалуирање на здравствените реформи и информирање и комуникација со јавноста. Во неодамна завршената функционална анализа овие функции беа идентификувани како критични за да му се помогне на МЗ да работи во опкружување на реформирано здравство. Во ова опкружување, МЗ треба да се фокусира на формулирањето на политиките, поставувањето на приоритети, мониторирање и евалуацијата, а не на преголемото фокусирање на многу секојдневни административни обврски во здравствениот сектор. Оваа компонента ќе ја подржи имплементацијата на првата фаза од функционалната анализа. Силно МЗ е критично за подобрување на целокупната рамка на одговорности во здравствениот сектор и особено среднорочно гледано за подобрување на одговорноста на ФЗО. Клучните влезни вложувања во Проектот вклучуваат: меѓународна и локална техничка помош, обука и развој на информатички систем.
БАРАЊE ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС
Набавка на медицинска опрема, медицински и канцелариски мебел, модели за обука и потрошни материјали за клинички вештини за 17 рурални амбуланти во општините низ Македонија и за просториите на Образовниот Центар за семејна медицина во Скопје
Набавка на Универзална Рентген радиографска единица за Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија „ Св.Еразмо“ Охрид