Оваа компонента ќе го подобри управувањето на ФЗО како организација одговорна за набавка на здравствени услуги за нејзините корисници според шемата на задолжително здравствено осигурување.
Постои широко мислење дека досега ФЗО работел лошо и дека неговото работење е недоволно транспарентно и одговорно. Лошата практика во финансискиот менаџмент, набавката на здравствените услуги, високиот обрт на кадри и недоволното внимание на човечките ресурси во комбинација со слабиот надзор, резултира со организација која работи лошо и која од Владата се смета за сигурен ризик. Поради тоа, сите напори за подобрување на работата на здравствениот систем во Република Македонија во целина мора да вклучуваат иницијативи за подобрување на работата на ФЗО и да обезбедат подобра вредност за парите според шемата на задолжително здравствено осигурување. Инвестициите подржани во оваа компонента се во ист правец со условите за ФЗО вклучени во ПСМАЛ (имено, воспоставување на оддел за внатрешна ревизија и имплементација на договорите со болниците). Компонентата ќе поддржи локална и меѓународна техничка помош, надградба на здравствените информатички системи во форма на компјутерска опрема, софтвер и обука. Без развој на овие системи и постапки сите инвестиции во компјутерска опрема ќе бидат неискористени и залудно потрошени.
БАРАЊE ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС
Набавка на медицинска опрема, медицински и канцелариски мебел, модели за обука и потрошни материјали за клинички вештини за 17 рурални амбуланти во општините низ Македонија и за просториите на Образовниот Центар за семејна медицина во Скопје
Набавка на Универзална Рентген радиографска единица за Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија „ Св.Еразмо“ Охрид