Со развојот на методологијата за определување референтни цени на лековите се овозможува контрола на цените, а како резултат на тоа и трошоците за лековите. Во исто време, на пациентите им се овозможува одредена слобода на избор на производите кои ги користат. Извештајот на меЃународниот консултант Арие Х. Риетвелд дава конкретни препораки за реформите во поглед на контролата на цените на лековите. Препораките се направени што е можно поконкретни со оглед на постоните околности.
Ве молиме кликнете на следниот линк за да го преземете комплетниот извештај
|
|
Извештаите подготвени од консултантот Anthony Fenn даваат сугестии за начините на кои предложените клинички индикатори за успешност може да се употребат за следење, анализа и оценка на резултатите од работата на болниците во Македонија.
Во почетокот акцентот ќе се стави на еден мал број индикатори за кои ќе биде можно да се изготвуваат навремени извештаи и да се даваат повратни информации, а како што ќе се подобруваат информатичката инфраструктура и капацитети - ќе бидат воведувани и други индикатори.
Ве молиме кликнете на следниот линк за да го преземете комплетниот извештај
|
|
Техничка помош на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за лекови, и работа со националните експерти во дефинирање на цените на лековите на ниво на “Единствени Цени” и политиката за поврат на средствата на ниво “Референтни Цени” на лековите.
Ве молиме кликнете на следниот линк за да го преземете комплетниот извештај
|
|
Tehnicka_pomos_zapolitikata_za_ceni_I_povrat_na_sredstvata_za_lekovite_vo_mkd.pdf |
БАРАЊE ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС
Набавка на медицинска опрема, медицински и канцелариски мебел, модели за обука и потрошни материјали за клинички вештини за 17 рурални амбуланти во општините низ Македонија и за просториите на Образовниот Центар за семејна медицина во Скопје
Набавка на Универзална Рентген радиографска единица за Специјалната Болница за Ортопедија и Трауматологија „ Св.Еразмо“ Охрид